Home Спорт Видете кој заработи најмногу пари оваа сезона во Англија

Видете кој заработи најмногу пари оваа сезона во Англија

Англискиот шампион Манчестер Сити одигра фантастична сезона полна со рекорди, но заработи помалку пари од градскиот ривал Манчестер Јунајтед.

Сити заработи 149.4 милиони фунти, а „црвените ѓаволи“ имаа два телевизиски меча повеќе и ја заврши сезоната 149,7 милиони.

Ливерпул, Тотенхем, Челзи и Арсенал се останатите тимови кои ја поминаа границата од 140 милиони фунти оваа сезона. Најмалку заработи ВБА која во касата стави 94.7 милиони фунти.

Сезоната 2017/18 беше втората од договорот за ТВ права во висина од 5,1 милијарди фунти, па 20-ти клуба поделија вкупно 2,4 милијарди.

Еве колку точно заработија клубовите од ТВ права:

Манчестер Сити – 149,438,654 фунти
Манчестер Јунајтед – 149,767,145
Тотенхем – 144,446,238
Ливерпул – 145,904,609
Челзи – 141,713,582
Арсенал – 142,042,073
Барнли – 119,772,976
Евертон – 128,010,622
Лестер – 118,170,198
Њукасл – 123,018,207
Кристал Палас – 114.307.662
Борнмут – 111.246.515
Вест Хем – 116.094.523
Ватфорд – 106.254.100
Брајтон – 107,712,470
Хадерсфилд – 102,391,564
Саутемптон – 107.239.572
Свонси – 98,529,028
Стоук Сити – 98,857,518
Вест Бромвич – 94.666.492

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…