Видете кој град во светот е најдобар за живеење!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Главниот град на Австрија, Виена уште еднаш е прворангиран по квалитет на живот, на традиционалната листа на градови на американската компанија Mercer, на која се рангирани 231 град.

Првото место веќе осма година по ред и припаѓа на Виена, додека на последното место повторно е Багдад. Во истражувањето се распоредени 40 разни фактори како што се политичката стабилност, инфраструктурата, здравствената заштита, образованието, криминалот, рекреацијата, културата итн.

Виена повторно е најдобар град поради силната културна сцена, квалитетната здравствена заштита, умерената цена за изнајмувањето на стан и евтиниот градски превоз. На второ место е Цирих, трет е Окленд, четврт Минхен а петти град е Ванкувер.

Во првите десет уште се и Дизелдорф, Франкфурт, Женева, Копенхаген и Базел. Глобалните центри како што се Лондон, Париз, Токио и Њујорк не се нити во првите 30, при што Париз е на 38 место, Лондон е 40, Њујорк на 44 место, а Токио на 47 место.

Од азиските градови најсилно рангиран е Сингапур, кој се наоѓа на 25 место, додека од американските градови пак највисоко се наоѓа Сан Франциско, односно на 29 место.

Петте најлоши градови за живот, пак, се Картум (Судан), Портопренс (Хаити), Сана (Јемен), Бангуи (Централноафриканска Република) и Багдад (Ирак).