Видете кои знаци покажуваат дека вашето дете има висока интелигенција


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Сите родители сметаат дека нивните деца се паметни и интелигентни, но научниците сепак тврдат дека постојат знаци кои укажуваат на тоа, а кои зависат од возраста на самото дете. Еве кои се тие знаци:

Новороденчиња

Интелигентните деца се потешки. Колку е поголема тежината, толку е повисока интелигенцијата на детето кога станува збор за новороденчињата. Ова го покажува истражување спроведено на над 3.000 бебиња.

12-24 месеци

Дали детето слуша повеќе јазици? Можете да му се обраќате на детето на разни јазици? Еден начин за поттикнување на брзиот мозочен развој кај малото дете е зборувањето на разни јазици, покажува извештај од Child development. Децата кои се родени со родители што зборуваат повеќе од еден јазик имаат повисоки коефициенти на интелигенција.

3 години

Повисоки се од другите деца. Високите деца почесто добиваат високи резултати на тестовите, покажува истражување од Австралија.

4 години

Уметничките души кои може да нацртаат реалистична слика од човек на оваа возраст покажуваат подобри резултати на тестовите за интелигенција во тинејџерските денови. Истражување на 15.000 слики нацртани од деца на оваа возраст го открило ова.

5 години

Малите лаги може да бидат добри, барем во поглед на интелигенцијата. Истражувачите откриле дека децата кои лажат на рана возраст се поинтелигентни подоцна во животот.

6 години

Свирењето музички инструмент помага во поттикнувањето на емоционалната интелигенција на детето на оваа возраст. Истражувачите на Универзитетот во Вермонт работеле со 232 здрави деца на возраст од 6 до 18 години и откриле дека децата што свиреле на инструменти биле подобри во соочување со анксиозноста и чувствата.

7 години

Читањето на рана возраст може да биде показател за високата интелигенција во подоцнежните години, откриваат научниците. Оние деца што читале подобро и повеќе на возраст од 7 години даваат подобри резултати на тестовите за коефициент на интелигенција како тинејџери.

8 години

Дали детето на оваа возраст сака да седи будно до подоцна? Истражување од Лондонскиот факултет за економија покажува дека поинтелигентните возрасни почесто останувале будни до доцна како деца.

9 години

Доколку вашето дете јаде здрав појадок на оваа возраст, неговите шанси за постигнување подобри резултати за коефициентот на интелигенција подоцна се двојно поголеми. Најмногу се препорачуваат житните зрна и млечните производи.

10 години

На возраст од 10 години интелигентните деца сакаат да зборуваат, да создаваат нови правила за игри и да се дружат со други деца.