Живот

Видете кои се најскапи, а кои најевтини градови во светот!

Според годишната анкета направена од „Economist Intelligence Unit“ (EIU), Сингапур 5-та години по ред ја потврди првата позиција како најскап град во светот, и тоа поради огромните трошоци за сопствениците на автомобили.

Азискиот финансиски центар токму поради контролата на сопственост на возила, односно високата цена на автомобилите и потврдите за сопственост на автомобил го намали загадувањето и сообраќајниот метеж што е честа појава во азиските градови. Сепак, ваквиот потег направи од Сингапур многу скап град. Сертификатот за сопственост на возило, на пример, чини околу 50.000 американски долари, а просечен патнички автомобил околу 100 илјади сингапурски долари.

Второто место го делат Париз и Цирих, на четвртата позиција е Хонг Конг, а Осло е петтиот најскап град во светот. Шестото место го делат Сеул и Женева, осми е Копенхаген, а на деветтата и десеттата позиција се Тел Авив и Сиднеј. По долго време, Токио и Њујорк не се на листата на десет најскапи градови.

Азиските градови обично се најскапи кога станува збор за храна, а европските во категориите домашна помош, лична нега, рекреација и забава. Важна причина во промените на листата се флуктуациите на девизните курсеви, па поради послабиот американски долар, американските градови не се меѓу најскапите.

Меѓу најевтините градови за живот се Дамаск, Каракас, Лагос и Карачи.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top