Home Спорт Видете какво шоу приредија фудбалерите на Барселона

Видете какво шоу приредија фудбалерите на Барселона

Во градското дерби, фудбалерите на Барселона приредија вистинско шоу за бројните посетители на Ноу Камп, како и за сите оние кои го следеа ТВ преносот. Иниеста, Нејмар, Суарез и главниот диригент Меси се разиграа во вториот дел и постигнуваа голови после спектакуларни акции.

Првиот гол беше мајсторија во три потези. Прекрасен старт на Маскерано, одличен пас на Иниеста и прецизна завршница на Суарез во 18 минута. Вториот гол во 67 минута пак беше вистинско ремек дело. Прво Иниеста нанижа три фудбалери на Еспањол на мал простор, топката дојде до Меси, кој помина уште четворица, биеше, а одбранетата топка стигна до Суарез кој повторно поентираше. Следната минута падна и третиот гол, повторно по мајсторија на Меси, но овојпат ’ќареше’ Жорди Алба.

И гостите постигнаа гол по прекрасно изведен контранапад во 79 минута преку Лопез, а конечниот резултат го постигна играчот на мечот Лео Меси во 90 минута, пишува Спортски.мк.

Погледнете што се случуваше на Ноу Камп:

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…