Видете како се местат пријателски натпревари на припремите!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Некомерционална меѓународна организација, чија основна дејност е да открива и пријавува незаконитости во спортот „Federbet“, врз основ на коефициентите во обложувалниците открива како се местеле пријателски натпревари играни на Кипар и Турција.

„Federbet“, верува дека во подготвителниот период се наместени неколку натпревари помеѓу романски и руски клубови, но натпреварите не ги местеле играчите, туку судиите. Според истиот извор, судиите им помагале на обложувачите на натпреварите да го погодат бројот на голови.

Сомнителен е мечот помеѓу Клуж (Романија) и Уфа (Русија). Во финишот на првото полувреме при резултат 0:0, судијата решил да го продолжи тој дел од играта за седум минути, а потоа и досудил сомнителен пенал за Клуж.

Откако рускиот голман го одбранил пеналот, судијата решил да го повтори изведувањето на најстрогата казна. Клуж во вториот обид постигна гол.

„Кога се изведуваше првиот пенал стоев до помошниот судија. Пеналот беше изведен, а помошникот веднаш го крена знаменцето. како се да беше наместено однапред. Тогаш ни стана јасно дека пеналот ќе се изведува се додека не биде постигнат гол“, изјави тренерот на Уфа, Перескоков.

Сомнителен е и натпреварот одигран во Анталија (Турција), помеѓу Пандурии (Романија) и Крила Совјетов (Русија). Бидејќи во првите 35 минути немало голови, започнал да паѓа коефициентот на играта „повеќе голови“, а за играта на играта „повеќе од 2,5 голови“, изнесувал само 1,45.

Потоа спорна ситуација во 38 минута, кога судијата досудил пенал, а пет минути подоцна покажал уште еднаш на „белата точка“, иако ниту играчите не сигнализирале дека нешто спорно се случило.

На крајот поминал коефициентот на играта „повеќе од 3,5 голови“, бидејќи натпреварот завршил 2:2.

Сомнителен е и натпреварот одигран во Турција помеѓу Ботосани (Романија) и Амкар (Русија) завршен со резултат 3:0, а два гола биле постигнати од непостоечки пенали.

Со речиси сите сомнителни натпревари врска имаат романски судии кои најпрвин демантирале дека воопшто ги суделе тие натпревари, но откако им биле испратени снимки на кои се гледа дека тие ги судат натпреварите, ја прекинале комуникацијата со новинарите.