Видете како Путин го помина одморот – ловење риба, нуркање, сончање


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Бројни светски медиуми ги објавија фотографиите од одморот на рускиот претседател Владимир Путин.

Путин својот летен одмор го помина во јужен Сибир, каде беше снимен како се сонча, лови риба, плива, нурка и се шета.

Бишвиот член на КГБ и овој пат не се срамеше да го покаже своето тело со православен крст на градите.

Покрај ловење риба во планинското езеро и шетање низ шумите, Путин помина два часа во подводен лов на штука.

На претседателот друштво му правеа министерот за одбрана Сергеј Шојгу и претседателот на република Какасија, Виктор Зимин.