Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез е познат по мегаломанските трансфери и носењето ѕвезди на „Сантиаго Бернабеу“, па медиумите тврдат дека следното лето ќе се создаде нов „Галактикос“.
Многумина ќе речат дека Реал и сега е Галактикос, тим кој освои две ЛШ во само три години, но сепак Перез не мисли така. Тој спрема прекројување на тимот кој нема да има конкуренција во фудбалскиот свет.
Иницијалната идеја на Реал е доведување на четири нови ѕвезди и враќање на еден „свој“ фудбалер, со што би ја го започнале своето владеење во Шпанија и Европа.
На Роналдо, Бејл, Крос и компанија најпрво треба да им се приклучи нов голман кој ќе биде трајно решение меѓу стативите. Станува збор за голманот на Челзи, Тибо Куртоа кој веќе им се поверил на пријателите дека ќе трансферира во Мадрид.
Вториот чекор кој ќе го направи Реал следното лето се вика Месут Озил. Играч кој веќе го носеше „кралскиот“ дрес и во Премиер лигата стана еден од најдобрите играчи за врска во светот, па Зидан сака да го има во својот тим.
Перез исто така планира да го донесе и најскапиот напаѓач на денешницата, Пјер Емерик Обамејанг, кој веќе неколку сезони со успех го носи дресот на Борусија Дортмунд. Африканецот не крие дека сака да игра за Реал Мадрид, а очигледно „љубовта“ е обострана.
Сепак двата најтешки трансфери кои сака да ги направи Реал зависат од Арсенал и Јувентус, бидејќи станува збор за нивните најголеми ѕвезди Алексис Санчез и Пауло Дибала.
Санчез не сака да го продолжи договорот со Арсенал и „кралевите“ лесно можат да дојдат до неговиот потпис, додека за Дибала се спремни на Јувентус да му ги понудат Хамес Родригез и Иско.
По се изгледа следното лето ќе биде едно од најинтересните, бидејќи на голема врата се враќа Реал Мадрид.