Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Јувентус синоќа во драматичен натпревар го совлада Наполи со 4:3, а стрелец на еден од головите беше Кристиано Роналдо, пишува Спортски.мк.
„Старата дама“ водеше со 3-0 на половина час пред крајот, но потоа Наполи се врати и израмни на 3-3. Сепак, Кулибали во последните моменти од мечот постигна автогол и го реши мечот во корист на Јувентус.
Роналдо на контроверзен начин го славеше својот гол за 3-0 на асистенција на Даглас Коста, а денеска се поставува прашањето дали Португалецот ќе добие казна поради тоа што го „копираше“ ВАР-системот.
https://twitter.com/b3naldo7/status/1167902609815982082
Роналдо со оваа прослава алудираше на голот против Парма, кога се израдува, а потоа ВАР му го поништи голот.
Извор: Спортски