Видете го најоригиналното повлекување во НБА


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Некогашниот центар на Сан Антонио Спарс, Мет Бонер официјално потврди дека ја заврши кариерата.

Бонер 12 сезони помина во НБА лигата, како 45-ти пик на драфтот беше избран од Булс, но никогаш не заигра за нив. Дебитираше за Торонто Репторс, а во 2006 премина во Спарс каде беше се до лани.

За повлекувањето на искусниот центар се шпекулираше некое време, а тој го потврди тоа во интересно видео.

Во него, Бонер ја објавува својата одлука во празна сала, се заблагодарува на бројните градови и тимови за кои играше и на крајот на навивачите и од нив бара да се сеќаваат по тоа што најдобро го правеше, а потоа наместо да шутира за три, тргнува да забива. Инаку, над половината шутеви во неговата кариера беа за три поени (1923 од 3768),
а имаше само 34 успешни забивања.

Бонер е само еден од петмината играчи кои десет години со ред играше за Спарс. По овој параметар тој е рамо до рамо со Дејвид Робинсон, Тим Данкан, Тони Паркер и Ману Џинобили. Бонер за неколку дена ќе се придружи на коментаторскиот тим на тв Спарс, а деби на местото стручен коментатор ќе има во вторник, кога Тексашаните ги дочекуваат Милвоки Бакс, пишува Спортски.мк.