Видете ги сите коефициенти за Македонија, тимски и индивидуално (ЕП во ракомет)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Веќе сме навикнати да ја гледаме македонската ракометна репрезентација на големите натпреварувања. Константно учествуваме на Европски и Светски првенства, имаме големо искуство, а за разлика од предходните настапи, сега имаме и плејада на млади талентирани ракометари. Во наредните неколку дена пред почетокот на првенството, очекувајте анализи за противниците на Македонија, како и воопшто за целиот шампионат.

Букмејкерите не веруваат во Македонија

Се е подредено за успех на овој шампионат. Го имаме еден од најдобрите ракометари на светот, Кире Лазаров кој е најдобар стрелец во историјата на Светските и Европски првенства. Имаме клубски европски шампион во РК Вардар. Имаме конечно одлични млади ракометари во Кузмановски, Талески, Неловски … Крилата Манасков и Георгиевски играат можеби на своето највисоко ниво, а останатите имаат искуство како ретко која друга репрезентација. Освен тоа го имаме и еден од најдобрите тренери во Европа, Раул Гонзалес, пишува Кладење.мк.

Сепак, тоа не е доволно за Македонија да биде барем во Топ 10-те фаворити на Европското Првенство во Хрватска според букмејкерите. Според коефициентот Македонија е на 12-то место со коефициент за освојување на титулата 201.00 во 10Bet. Само Чешка, Белорусија, Австрија и Црна Гора се поголеми аутсајдери од Македонија според букмејкерите. Интересно пред нас се селекции како Исланд ( бевме подобри од нив во квалификациите ) и Србија ( ги победивме во пријателски меч на почетокот од овој месец), .

Македонија трет фаворит во групата Ц

Што се однесува до коефициентите во групната фаза, тука сепак мораме да се сложиме со букмејкерите. Македонија е трет фаворит во групата Ц. Дека нашата селекција ќе биде прва во групата коефициентот е…

Целата анализа прочитајте ја на специјализираниот портал за обложување – КЛАДЕЊЕ.МК