ВИДЕО: Зидан го постигна својот деби гол за Реал Мадрид!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Откако во првиот меч имаше 7:1, во реваншот тренерот на Реал Мадрид внесе повеќе младинци кои блеснаа во мечот од Копа дел Реј против Леонеса.

Меѓу нив беше и 21-годишниот син на славниот тренер, Енцо Зидан кој со гол му заблагодари на неговиот татко за довербата што му ја укажа на почетокот на вториот дел, пишува Спортски.мк.

Имено, Енцо влезе во второто полувреме, а постигна во 63 минута за 4:1.

Инаку конечниот резултат гласеше 6:1, а хет трик постигна младиот Маријано Диаз.