Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Екипата на Челзи закажа финале со Манчестер Јунајтед во ФА Купот, откако го совлада Саутемптон со 2:0.
Во првото полувреме освен пречката на Вилијан во седмата минута, немаше многу возбудувања, па на одмор се замина со резултат 0:0.
На самиот старт на второто полувреме Жиру постигна прекрасен гол, вистинска бравура на мал простор за 1:0.
Конечниот резултат го постави Алваро Мората во 82-та минута од средбата. Шпанецот доби одлична топка од неговиот сонародник, Аспиликуета, и без проблем со глава ја заби во голот на „светците“.