Home Спорт Видео: Застрелан 21-годишен фудбалер во Германија

Видео: Застрелан 21-годишен фудбалер во Германија

Челниците на германскиот второлигаш Динамо Дрезден објавија синоќа дека нивниот млад фудбалер Марк Вахс е сериозно повреден во вооружен напад кој вчера бил извршен во Висбаден.

Младиот, 21-годишен фудбалер бил заедно со свои роднини кога биле нападнати на улица и во нив било пукано од огнено оружје.

Младиот фудбалер е итно опериран и не е во животна опасност, но еден од неговите роднини им подлегнал на повредите во болницата и починал, додека другиот е посериозно повреден, но е надвор од животна опасност.

„Шокирани сме и тажни. Целото семејство Динамо е со Марк и неговата фамилија и ја понудивме сета помош која можеме да ја пружиме. Марк и неговата фамилија ќе ја имаат нашата поддршка во процесот на опоравување и ништо друго не е важно. Ги замолуваме медиумите да ја почитуваат приватноста на нашиот фудбалер и да го пуштат во мир да се опорави“, изјави спортскиот директор на клубот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…