Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Ова е најмалиот автомобил на светот кој може да се види на улиците и не е ништо поголем од детските автомобили на струја. Сепак, овој носи регистерски таблици.
Пред повеќе од 5 години го изработи Аустин Кулсон од Феникс, а неговата цел била да направи што е можно помал автомобил кој ќе може да го вози по улиците.
Според официјалните податоци од Гинисовата книга на рекорди, автомобилот е долг 126.47 сантиметри, висок 63,5 см и широк 65,41 см. Притоа, може да достигне брзина од 40 км/ч, а во просек троши 1.8 литри на 100 км.
За да може да се вози на улица мини-автомобилот мораше да добие светла, сигнализација, ретровизори, па дури и шофершајвна со бришачи. Верувале или не, конструкторот вградил и појас.