Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Македонија Пат“ наместо да преземе одговорност за катастрофалната состојба во која се најдоа патиштата во текот на вчерашниот ден, кога речиси сите патни правци низ државата, без исклучок, беа под метарска обвивка од снег која предизвика низа на сообраќајни нecpeќи, излетани автомобили и отсечени населени места, ги oбвини возачите, пишува порталот Курир.
Колку и да звучи неверојатно, винaтa за блокираните патни правци низ Македонија поради врнежите од снег, раководителот во „Македонија пат“ ја најде кај возачите.
-Сообраќајот го чинат три чинители, а се анализира само состојбата на патот. Забелешката наша е што треба да се направи анализа и на постојните возила кои се наоѓаат на патот и возачите на истите. Од долгогодишното искуство имаме сознанија и чести појави на управување на моторни возила под дејство на aлxoxoл, управување без возачка дозвола, нeпoчитувaњe на сообраќајните правила и поставената сообраќајна сигнализација, а во делот на состојбата на возилата посебно тешкиот товарен сообраќај сведоци сме на непоседување на соодветни пневматици, рече раководителот на подружница Автопат, Македонија пат, Борче Сарџовски за Сител.
https://www.facebook.com/zoran.risteski.754/videos/10215768440916735/