Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Вооружена банда упадна на имотот на еден богаташ во Најроби со намера да ги ограби гостите кои присуствуваа на забавата.
Сопственикот на имотот се спротивстави на бандата, а одредени медиуми целиот инцидент го споредија со филмот „Умри машки“.
Седумчлената вооружена група упадна на приватниот посед, но не очекуваа дека домаќинот ќе ги дочека подготвен. Безбедносните камери го снимиле целиот инцидент.
Додека ги испраќал своите гости при отворањето на главната капија, тогаш влегле ограбувачите, а еден од нив бил вооружен со автоматска пушка Ак-47. Иако беше сам спроти седумте разбојници, сопственикот кој поседуваше полуавтоматска пушка уби еден од напаѓачите, тешко рани двајца, а другите почнаа да бегаат.