Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Честа да биде прв автомобил што го носи редизајнираното лого на германскиот автомобилски гигант Volkswagen му припадна на електричниот модел ID.3
Пред многу години Volkswagen успеа да направи револуцина во авто индустријата со својата „Буба“, а сега се обидува да го повтори тој успех со најновиот предлог именуван ID.3 – првиот електричен автомобил со масивно просизводство кој има за цел да ја започне новата еколошка ера на компанијата.
Производството на моделот со пет врати почнува во ноември, а промоцијата беше во салонот на автомобилите во Франкфурт.
На самиот старт од производството на моделот, клиентите ќе имаат можност да бираат помеѓу три варијанти на моќност. Основниот модел ќе биде со 45 kWh батерија и ќе има можност автономно да помине 205 километри, втората посилна опција ќе биде опремена со 58 kWh батерија која ќе му даде можност на возилото да помине 330 километри, а топ верзијата Pro S е со автономија од 550 километри.
Во основниот пакет може да се смета на батерија со среден капацитет, навигациски систем, греење на предните седишта. Цената на основната верзија во Германија нема да биде повисока од 30.000 евра.