Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Оклахома ја совлада Јута 112:104, а Расел Вестбрук влезе во историјата на НБА лигата.
Вестбрук го предводеше својот тим до победата со 33 поени, 10 скокови и 14 асистенции, тоа е негов 32-ри трипл-дабал во сезоната со кој се искачи на второто место на вечната листа, за најмногу трипл дабл остварувања во една сезона.
Пред Вестбрук е само легендарниот Оскар Робертсон со 41 трипл-дабл во една сезона.
Инаку, Оклахома против Јута водеше од почетокот до крајот, во текот на целиот меч го контролираше резултатот и не дизволи изненадување, иако гостите во финишот фатија приклучок.
Покрај Вестбрук голем придонес во победата дадоа Виктор Оладипо кој постигна 22 и Енес Кантер кој уфрли 16 поени. Кај Јута најефикасен беше Данте Ескум со 22 поени.
Останати резултати:
Шарлот – Њу Орлеанс 122-125
Орландо – Кливленд 104-116
Мајами – Торонто 104-89
Милвоки – Минесота 102-95
Сан Антонио – Г.Стејт 107-85
Далас – Феникс 98-100
Мемфис – Атланта 90-107
Портланд – Вашингтон 124-125
Сакраменто – Денвер 92-105
Оклахома – Јута 112-104
ЛА Клиперс – Филаделфија 112-100
Детроит – Њујорк 112-92