Видео: Вестбрук броеше до 46, но Оклахома загуби!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Измината ноќ, Вестбрук одигра уште еден брилијантен натпревар, но за својата игра не беше награден со победа, бидејќи Оклахома загуби од Атланта 110:108.

Драматичниот натпревар помеѓу Оклахома и Атланта го реши најдобриот гостински кошаркар Пол Милсап со поените кои ги постигна на 12 секунди до крајот на натпреварот. Во преостанатото време Вестбрук имаше три обиди но не успеа да погоди.

Вестбрук натпреварот го заврши до 46 поени, 11 скокови и седум асистенции. Покрај Вестбрук уште само двајца играчи на Оклахома имаа двоцифрене ефект на поени: Џереми Грант постигна 15, а Андре Робинсон 10 поени.

Резултати:
Индијана – Вашингтон 107:105
Чикаго – Детроит 113:82
Минесота – Феникс 115:108
Оклахома – Атланта 108:110
Денвер – Далас 117:107