ВИДЕО: Вака изгледа животот на најгусто населениот остров на светот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Санта Круз дел Изолте во Колумбија се смета за најгусто населен остров на светот по жители на квадратен метар.

Станува збор за остров со површина од 9.712 квадратни метри, на кој живеат околу 1.200 жители, а кој е составен дел од архипелагот Сан Бернардо во Карипското море. Жителите живеат во 115 куќи, кои се изградени буквално на сета површина од островот – од крај до крај.

На островот има две продавници, еден ресторан, еден ноќен клуб и школо во кое работат 12 наставници. Интересен податок е фактот дека бројноста на младото население е високи 60 насто од вкупниот број на жители на островот.

Островот е поделен со четири главни улици, а на него нема ниту еден автомобил или мотор, но секое семејство има по некој вид на чамец. Чамците се користат за риболов, превоз до депонијата, но и за посета на другите острови.

Иако островот нема ниту една плажа, голем дел од неговата популација живее од туризам. Секоја година овој остров го посетуваат неколку илјади туристи, а главна туристичка атракција е нуркањето опкружени од автохтон жив свет од тие простори, од желки до ајкули. Тука е рибарењето, уживањето во морските плодови, возењето со чамец и други активности кои ги нуди најгусто населениот остров на светот.