Видео: Вака го славеа пласманот во финале, загинаа пред да го одиграат!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалскиот свет завиен во црно! Готово целиот тим на бразилски Шапикоенсе загина во авионска несреќа на пат за Колумбија каде требаше да се игра финалето на Копа Судамерикана.

Токму пласманот во финалето на ова натпреварување беше најголемиот успех во историјата на овој бразилски клуб, откако го елиминираа Сан Лоренцо во полуфинале.

Точно пред пет дена фудбалерите еуфорично го прославија тој успех, а денес целиот тим заедно со другите членови на клубот загина во авионска несреќа. Преживеаа само тројца фудбалери, од вкупно 41 лице колку што броела клупска делегација.


Поради несреќата Јужноамериканската фудбалска конфедерација го откажа финалниот двомеч меѓу Атлетико Насионал и Шапикоенсе.