Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Европската куќа на фудбалот, УЕФА, направи мотивирачко видео со малиот силен Македонец, Јане Велковски кој има само девет години.
Јане е само едно од многуте деца во Македонија кои го сакаат фудбалот, но тој не е во состојба да се движи поради болеста на мускулите. Сепак, овој недостаток не го откажува малиот Јане кој во видеото зборува за тоа дека секој треба да го сака фудбалот и дека на секој треба да му се даде шанса да игра фудбал.
„Кога јас гледам фудбал тоа кај мене буди чуство на среќа. Јас не можам да одам, бидејќи сум роден со спинална мускулна болест. Сите на светот можат да играат фудбал, без разлика какви се. Мојата желба е еден ден да станам фудбалер како Роналдо“, зборува малиот Јане.
https://www.facebook.com/uefa/videos/1844952789168449/