Видео: Тимот славеше победа, тој брзаше во породилно кај сопругата!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Њупорт Каунти синоќа го совлада Мидлсборо со 2-0 и се пласираше во осмина финалето на ФА купот, а шоуто го украде голманот Џо Деј.

Веднаш по натпреварот, тој панично го напушти теренот иако покрај аут-линијата го чекаа соиграчите да му честитаат. Причина за ваквиот потег е тоа што неговата сопруга роди близнаци додека траеше натпреварот.

Не стигна ниту да ја прослави големата победа. Тој го извести менаџерот Мајлк Флин и притоа добил зелено светло дека може да оди во болницата.

Сепак 28 годишниот голман не стигнал на време. Неговата сопруга Луци на свет донела две девојчиња.