Видео: Светот не памети ваков напад на судија!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Неберојатни сцени пристигнуваат од четвртата фудбалска лига во Аргентина, каде на натпреварот за пласман во третата лига помеѓу Сармиенто и Сансинена беше нападнат судијата Клаудио Еличири.

Група хулигани влезе во теренот откако Еличири не досуди еден прекршок за Сармиенто, а во продолжение на акцијата Сансинена постигна гол за 2:1.

Покрај хулиганите судијата беше нападнат и удиран и од страна на фудбалерите.
„Никогаш не верував дека ова може да ми се случи. Дојдов дома, ја прегрнав сопругата и заплакав. Нема дел на моето тело кој не ме боли“, изјави судијата.