Спорт

Видео: Спектакуларен кам-бек на Ајзеа Томас

Синоќа на програмата во НБА лигата имаше пет натпревари, а во центарот на вниманието беше Ајзеа Томас, кој се врати после повредата и ги одигра првите минути за Кливленд.

Долго очекуваното деби на Ајзеа Томас конечно се случи. Плејмејкерот изминатово лето пристигна во Кливленд како дел од трејдот во кој Кајри Ирвинг се пресели во Бостон.

Вчера тој се врати на теренот во победата на Кавалирс против Портланд Трејл Блејзерс со резултат 127:110. Ајзеа Томас на паркетот помина нешто над 19 минути и со 17 поени придонесе во победата на Кливленд.

Леброн Џејмс имаше уште една одлична партија и постигна имаше 24 поени, 8 асистенции и 6 скока.

Резултати:
Кливленд – Портланд 127:110
Њујорк – Сан Антонио 91:100
Феникс – Атланта 104:103
Сакраменто – Шарлот 111:131
ЛА Клиперс – Мемфис 113:105

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top