Видео: Спарси го добија дербито на Тексас, Јокиќ броеше до 35


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Синоќа имаше богата понуда во НБА лигата, а во центарот на вниманието беше битката за Тексас која му припадна на Сан Антонио, а Денвер предводен од одличниот Јокич дојде до важна победа над Милвоки.

Екипата на Денвер забележа значајна победа од 128-125 против Милвоки со што ги зголеми шансите за влез во плеј-офот во НБА лигата. Мечот беше решен во продолжение а Милвоки испушти предност од цели 18 поени која ја имаше на средината од последната четвртина.

Србинот Никола Јокиќ имаше уште една извонредна партија со 35 поени, 13 скокови и 5 асистенции и заедно со Мареј беше најзаслужен за победата.

Спарс пред своите гледачи го совлада тимот на Хјустон Рокетс со резултат 100:83, со што ја прекина низата од 11 последователни победи на лидерот во НБА лигата.

Најзаслужен за победата на Сан Антонио Спарс беше Ламаркус Олдриџ, кој имаше учинок од 23 поени и 14 скока, а притоа беше и ефикасен од поле. Руди Геј од клупата успеа да уфрли 21 поен, додека Пети Милс како стартер постигна само 14 поени.

Резултати:
Шарлот – Филаделфија 102:119
Чикаго – Вашингтон 113:94
ЛА Клиперс – Индијана 104:111
Сан Антонио – Хјустон 100:83
Атланта – Орландо 94:88
Бруклин – Детроит 96:108
Кливленд – Далас 98:87
Њу Орлеанс – Оклахома 104:109
Минесота – Јута 97:121
Денвер – Милвоки 128:125
Голден стејт – Феникс 117:107
Портланд – Мемфис 113:98
ЛА Лејкерс – Сакраменто 83:84