Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На социјалните мрежи се појави видео во кое ученички од Основното училиште Гоце Делчев во Неготино, брутално претепуваат едно девојче.
На видеото, две ученички удираат и ја влечат за коса, една веројатно нивна соученичка, а останатите гледаат и снимаат. Снимката се најде на Јутјуб и треба да ги алармира надлежните:
Просветен инспектор влезе во Основното општинско училиште „Гоце Делчев” од Неготино во чиј двор, според јавно објавената снимка на интернет, беше претепано девојче од други две девојчиња, во присуство на други деца, јавува Фактор.
Директорот Петар Мантев рече за МИА дека го погледнал видеото од вчера и оти се преземени сите мерки.
„Повикани се учениците, изречена им е педагошка мерка, пратени се писма до родителите нивни за да дојдат на советување, известена е и полициската станица“- нагласи Мантев.
Директорот откри дека децата што тепаат биле всушност проблематични и за нив и претходно имало изречени мерки.