Видео: Снег во Италија и Словенија, невреме во Хрватска


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Силен бран од северозападниот дел на континентот му донесе на алпското подрачје неочекуван скок од лето во зима.

Во италијанското туристичко место за скијање Алта Бадиа паднаа 30 сантиметри свеж и влажен снег. Местото се наоѓа на надморска височина од 1324 до 2250 метри.

Снег падна и во Словенија во местото Кредарици. Според податоците на АРСО, на Кредарици во 9 часот утрово биле измерени – 3 степени Целзиусови, а претходно е измерена и покривка од 3 см . снег.

Драстичната промена на времето, студениот бран стигна и во Хрватска. Во поголемиот дел од земјата врне дожд, а температурите се пониски за десетина степени.

Делови на Хрватска во текот на ноќта биле погодени и од силна бура, најлошо било на Истра.