Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Откако Доналд Трамп стана претседател на САД, се заредија серија чудни ситуации помеѓу него и неговата сопруга Меланија, но последната таква, според Independent, можеби е најчудна од сите досега.
На снимката која ја објави Белата куќа, Меланија најпрвин го најавува говорот на својот сопруг Доналд на манифестација во воздухопловната база Ендрус. Потоа, тој приоѓа кон Меланија, се заблагодарува, се ракува со неа и потоа…
„Оди на другата страна од сцената. Оди седни, душо“, се обраќа Трамп кон Меланија како да разговара со мало дете. Твитер платформата веднаш се исполни со коментари од луѓето на кои, како што пишуваат, не им е јасно зошто Трамп така се однесува кон сопругата, но и зошто таа го трпи тоа.