Видео: Синот на Малдини дебитираше за Милан!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Милан и Баерн Минхен утрово одиграа пријателски меч во склоп на Интернационалниот Куп на шампиони, кој го добија Баварците со 1:0.

Тренерот Џампаоло реши во стартниотс состав да го стави Даниел Малдини, син на легендата на клубот Паоло Малдини.

Милан изгуби со 1-0, но дебитантскиот настап на Даниел Малдини беше позитивиен. Тој во првиот дел имаше и сериозна шанса за гол, но шутот му заврши над пречката на Ноер.

https://youtu.be/3cnrKybJrdI

17-годишниот Даниел од ова лето се пресели во првиот тим на „росонерите“ и игра на позиција офанзивен играч за врска.

Баерн победи со голот на Горецка, но „росонерите“ настапија без поголем дел од своите најдобри фудбалери