Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Патролен чамец на шпанската морнарица вчера влегол во територијалните води на Гибралтар без дозвола, соопштија властите на британската ексклава.
Незаконскиот упад во територијалните води на британски Гибралтар од страна на патролниот чамец на шпанската морнарица Инфанта Кристина, напиша владата на Гибралтар на својот профил на Твитер и објави снимка од чамецот, пренесуваат британските медиуми.
Инцидентот се случи само еден ден откако шпанскиот шеф на дипломатијата побара од британската влада да се зачуваат „ладни главите“ во преговорите за иднината на Гибралтар, по сугестијата на британската премиерка Тереза Меј дека е подготвена да војува за да ја задржи стратешки важната територија.
Откако во документ на ЕУ беше сугерирано дека Шпанија би добила вето на пост-брегзит договорите за управување со британската територија, британската влада нагласи дека премиерката би била спремна да го брани Гибралтар исто како Маргарет Тачер ги одбранила Фокландските Острови.
Гибралтар, кој се наоѓа на југот на Шпанија, долго време е предмет на спорови за суверенитетот меѓу Лондон и Мадрид кој бара враќање на територијата, која ѝ ја отстапил на Британија во 1713 година.