Видео: Шоу на Кари, Мајами не знае за пораз!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Мајами продолжува со добри партии во НБА лигата, Стеф Кари го сруши Шарлот, Кливленд ја совлада Минесота, а Оклахома на домашен терен е поразена од Чикаго.

Голден Стејт славеше против Шарлот со 126:111 во одличното издание на Стеф Кари. Ѕвездата на Вориорс средбата ја заврши со 39 поени, осум асистенции и пет скока, притоа постигна 11 тројки од 15 обиди. Одлична партија пружи и Клеј Томпсон со 29 поени, осум асистенции и пет скока.

„Жешките“ повторно блеснаа на натпреварот против Атланта и забележаа победа од 116-93, што е деветти триумф по ред за тимот од Флорида. Горан Драгиќ со 27, Дион Вејтерс со 20 поени и Вајтсајд со „дабл-дабл“ ефект од 18 поени и 18 скокови беа перфектни во победата на Мајами.

Кливленд ја победи Минесота со 125-97, а Леброн Џејмс за малку не стигна до „трипл-дабл“ ефект, бидејќи натпреварот гоо заврши со 27 поени, 8 скока и 12 асистенции.

Резултати:
Кливленд – Минесота 125-97, Мајами – Атланта 116-93, Детроит – Њу Орлеанс 118-98, Денвер – Мемфис 99-119, Далас – Филаделфија 113-95, Бостон – Торонто 109-104, Орландо – Индијана 88-98, Феникс – ЛА клиперс 114-124, Јута – Милвоки 104-88, Оклахома – Чикаго 100-128, Голден стејт – Шарлот 126-111.