Видео: Шоу на Јокиќ, шампионот падна пред Минесота


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кошаркарот на Денвер, Никола Јокиќ ноќеска го забележа седмиот трипл-дабл во тековната сезона и го изедначи рекордот на легендарниот Вилт Чембрлен. Големо изненадување направи и Минесота која го победи шампионот.

Јокиќ во триумфот над Сакраменто (130:104) одигра три четвртини и постигна 20 поени, 11 скока и 10 асистенции.

За Србинот ова беше седми трипл-дабл сезонава, со што го надмина легендарниот Вилт Чембрлен во конкуренција на центри.

Уште во првиот натпревар на Голден Стејт Вориорс откако се повреди Стеф Кари, тие загубија од Минесота Тимбервулвс со резултат 109:103.

Карл Ентони Таунс со 31 поени беше прво име на натпреварот, а Ендру Вигинс одлично го следеше со 23 поени. Во поразениот состав, во кој не настапи Стеф Кари, најефикасен поединец беше Кевин Дурант со 39 поени.

Останати резултати:
Њујорк – Торонто 132:106
Атланта – Чикаго Булс 122:129
Њу Орлеанс – Јута Џез 99:116
Далас – Хјустон 82:105
Бостон – Индијана 97:99
Бруклин – Филаделфија 97:120
ЛА Лејкерс – Кливленд 127:113