Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Српскиот интернационалец Никола Јокиќ ја одбележа изминатата ноќ во НБА лигата. Кливленд полека влегува во форма и оствари важна победа.
Никола Јокиќ речиси сам му ја донесе победата на Денвер од 112-104 против Бруклин, бидејќи реализираше за него рекордни 41 поени во НБА-лигата. Центарот стигна до дабл-дабл ефект, бидејќи имаше и 12 скока, а придодаде и пет асистенции.
Вице-шампионот Кливленд во интересна завршница го совлада Милвоки со 124:119. Кевин Лав дуелот го заврши со 32 поени и 16 скока, додека Леброн Џејмс имаше 30 поени, девет асистенции и осум скока. Кај Милвоки, а воедно и на натпреварот најефикасен беше Јанис Антетокуомпо со дури 40 поени.
Иако тимот на Оклахома сезонава важи за претендент за највисок пласман сепак „Тандерси“ се одново поразени. На гостувањето во Сакраменто, Оклахома загуми од „Кингси“ со 94:86.
На останатите натпревари:
Индијана – Њу Орлеанс 112-117
Вашингтон – Далас 99-113
Њујорк – Шарлот 118-113
Торонто – Чикаго 119-114
Сан Антонио – ЛА Клиперс 120-107
Јута – Филаделфија 97-104
Портланд – Мемфис 97-98