Видео: Шоу на хрватските навивачи во Русија!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Љубителите на фудбалот со нетрпение го очекуваат вечерашното дерби помеѓу Хрватска и Аргентина во второто коло од Групата Д на Мундијалот.

Со големо нетрпение мечот го очекуваат и навивачите на двете репрезентации кои пристигнаа во Нижни Новгород, а „коцкестите“ веќе направија одлична атмосфера во рускиот град.

Наводно во Нижни Новгород пристигнале околу 5.000 хрватски навивачи, а како загревање развиорија хрватско знаме долго дури 100 метри.