Видео: Шампионот подобар од Сан Антонио, Лејкерси паднаа во последна секунда


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Само два натпревари беа на распоредот синоќа во НБА лигата. Шампионот оствари важна победа над Сан Антонио, а Портланд во последните секунди ги „сруши“ Лејкерси.

Одличната партија на „големото трио“ на Голден Стејт беше доволна за победа над Сан Антонио Спарс, со резултат 112:92. Клеј Томпсон беше најефикасен кај шампионоот со 27 поени, но и Кевин Дурент и Стеф Кари постигнаа повеќе од 20 поени за да ја донесат победата против Спарси.

Кај Сан Антонио повторно најдобар поединец беше Ламаркус Олдриџ, со 24 поени и 10 скока, иако шутираше лошо од поле, со само 36% успешност.

Во вториот натпревар од вечерта, Демијан Лилард се погрижи мечот против Лејкерс да не оди во продолженија и со тројката на седум десетинки пред истекот на регуларното време донесе победа за Портланд Трејл Блејзерс. Конечниот резултат беше 113:110.

Тој беше и најефикасен на натпреварот, постигнувајќи 32 поени, иако одлични партии имаа и Јусуф Нуркиќ со 28 поени, и Си Џеј Меккалум со 22 поени.