ВИДЕО: Се запали македонски автобус во близина на Дубровник


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Автобус на „Хафет турс“ кој се обраќал на релација Скопје – Сплит, утрово во 3 часот се запалил во возење во близина на Дубровник. За среќа во инцидентот нема повредени, сите патници за кратко време го напуштиле автобусот, кој е речиси уништен од пожарот, објавува Ohridnews.

-Иако беше непријатно, немаше паника. Многу луѓе спиеја, но по алармот за пожарот веднаш еден по еден низ вратата на возачот, бидејќи другите врати беа блокирани, го напуштивме возилото и се оддалечивме на безбедно растојание. Во меѓувреме двајца од патниците веднаш се спуштивме во багажникот и спасени беа сите торби освен можеби една.- вели патник од автобусот.

На местото на настанот брзо пристигнала локална противпожарна екипа која го изгаснала пожарот.

Вознемирените патници од опожарениот автобус патувањето кон финалното одредиште го продолжиле со друго возило на компанијата.