Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Авионот на компанијата „Росија“ што ја превезуваше фубалската репрезентација на Саудиска Арабија на натпреварот во Ростов на Дон се запали за време на летот.
Имено, непосредно пред слетување во Ростов каде во среда, од 17 часот, треба да се игра мечот со Уругвај во рамките на Мундијалот, се запали авионот со кој се превезуваше репрезентацијата на Саудиска Арабија што, за среќа, мина без последици.
„Летот ФВ1007 при процес на слетување имаше технички проблем со еден од своите мотори. Причина е птица која била фатена од моторот и првичните проценки се дека ова е причината за проблемот“, објавил портпаролот на „Русија Ерлајн“.
„Сакаме да ве увериме дека сите членови на репрезентацијата која во моментов е во Русија се безбедни по малиот технички проблем на моторот на авионот“, соопштија од фудбалскиот сојуз на Саудиска Арабија.
Plane with Saudi Arabia team caught fire, landed in emergency in Rostov pic.twitter.com/vj5SB2w334
— English Russia (@EnglishRussia1) June 18, 2018