ВИДЕО: Се судрија во Ауди и станаа хит на интернет – пребројте колку ги има!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Од Хонда, седмата генерација на Сивик ја промовираа како семеен компакт со рекордна пространост, а оваа снимка потврдува дека воопшто не лажеле.

Сигурносната камера во Лестер забележа несекојдневен настан. Неприлагодената брзина и влажниот асфалт си го зедоа данокот, па една Хонда Сивик се судри во Аудито што возеше пред него. Но, потоа следуваше најјакото: од Сивикот како препалени почнаа да излегуваат возачот и патниците, а ако убаво го изгледате видеото ќе видите дека имаше вкупно деветмина, вклучително и еден заклучен во багажникот.

Судејќи по видеото, веројатно патниците и возачот по никоја цена не сакале да бидат соочени со законот, а и не се повредени, бидејќи веднаш по судирот се даваат во бегство.

„Вакви настани се чести навечер и кога е влажен коловозот. Но, она што се случи е неверојатно. Прво излезе еден човек, па уште еден и уште еден… Изгледаше како никогаш да нема да престанат да излегуваат од автомобилот“, рече еден очевидец. Друг па додаде дека оваа несреќа на крајот го насмеала: „Морав да се насмеам кога го видов возачот како се враќа и го отвора багажникот од кој излезе уште еден патник“.