Видео: Роналдо испиша историја – Реал на врвот на светот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Потешко од очекувањата, фудбалерите на Реал Мадрид се искачија на светскиот врв откако во финалето на Светското клупско првенство ја победија јапонска Кашима дури во продолженијата. Ѕвезда на мечот беше најдобриот фудбалер на годината Кристиано Роналдо кој постигна хет трик.

Кристијано Роналдо испиша историја во светските клупски првенства, станувајќи прв играч кој направи хет –трик во финале. Кралскиот клуб ја освои петтата титула во ова натпреварување, победувајќи ја Кашима со 4:2, а Португалецот е прогласен за најдобар играч.

На дуелот кој се одигра на „Нисан“ Арената во Јокохама, јапонскиот тим Кашима го намачи фаворизираниот Реал Мадрид, па така по регуларните 90 минути игра резултатот гласеше 2-2.

Бензема го доведе Реал Мадрид во водство а Кашима со двата гола на Шибасаки направи комплетен резултатски пресврт на мечот.

Потоа следуваше голеада на Роналдо кој најнапред од пенал израмни на 2-2, за во продолженијата да постигне нови два гола за својот тим и да ги постави конечните 4-2 на дуелот во Јокохама.

Ова беше трета титула годинава за Реал Мадрид, по титулите во Лигата на Шампионите, односно Супер Купот на Европа.