Видео: Ремек делата на Хуан Фелипе и Блажевски во ТОП 10 голови во Лигата на Европа!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вардар оваа сезона го донесе европскиот фудбал во Скопје – играше во групната фаза од Лигата на Европа.

Црвено-црните не забележаа поголеми резултати, но постигнаа и тоа како атрактивни погодоци.

Лигата на Европа ги избра најубавите 10 погодоци во сезоната, а помеѓу нив Вардар има двајца свои претставници.

Волејот на Дејан Блажевски против Зенит и маестралниот лоб на Хуан Фелипе против Розенборг.


Сите 10 погодоци можете да ги погледнете на официјалната страна на Лига Европа – ТУКА.