Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Дали сте слушнале за Лука Дончиќ? Доколку не сте, наскоро добро ќе го запаметите ова име. Станува збор за 17-годишен Словенец кој синоќа блесна во дресот на Реал во Евролигата.
Дончиќ ги воодушеви фановите со својата изведба на натпреварот против Жалгирис. Во последните 90 секунди при резултат 86:86 постигна две тројки и го одлучи победникот.
Реал на крајот славеше со 96:91, а Словенецот натпреварот го заврши со 17 коша, 4 скока, 4 асистенции и го понесе епитетот играч на натпреварот.
Дончиќ важи за еден од најталентираните кошаркари во Европа, а минатата година стана најмладиот кошаркар кој дебитирал за Реал Мадрид со само 16 години, два месеви и два дена.