Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тимот на Џирона приреди вистинско изненадување и славеше на „Сантиаго Бернабеу“ во рамките на 24-то коло од Примера.
„Кралевите“ беа во добра форма, минатото коло се искачија на второто место и на намалија предноста на Барселона, па се чинеше дека битката за титулата во Шпанија повторно се разгоре.
Реал денес на пладне ја пречека Џирона на „Сантиаго Бернабеу“ и сите очекуваа рутинска победа и нови три бода, но се случи големо изненадување.
Се започна добро за домаќините кои поведоа во 25-та минута преку Каземиро. Реал го контролираше натпреварот и се чинеше дека ќе стигне до нова рутинска победа.
Меѓутоа, во второто полувреме се случи целосен пресврт. Најпрво гистите стигнаа до израмнување преку Стуаини, кој беше прецизен до белата точка во 65-минута. Капитенот Рамос играше со рака во казнетиот простот, па судијата оправдано покажа на белата точка.
Во моментите кога Реал се обидуваше повторно да ја врати предноста, следуваше шок на „Сантиаго Бернабеу“.
Џирона изведе одличен контранапад, а Порту на втората статива беше сам и небранет од никого, па ја смести топката зад грбот на Куртоа.
До крајот Реал не успеа да стигне до израмнување, а во судиското продолжение Рамос заработи втор жолт картон и беше исклучен. Со овој пораз „кралевите“ паднаа на третото место на табелата со 45 бода, девет помалку од лидерот Барселона.
https://youtu.be/RutbR4ZejLQ