Home Спорт Видео: Реал рутински до финале на Светското првенство!

Видео: Реал рутински до финале на Светското првенство!

Фудбалерите на Реал Мадрид се пласираа во финалето на Светското клупско првенство, откако во полуфиналето, славеа против мексиканска Клуб Америка со 2:0.

Реал го скрши отпорот на мексиканската екипа дури во финишот на првото полувреме, кога Бензема погоди во судиското продолжение.

Кристиано Роналдо се изнапромаѓува на овој натпревар, па во 93-та минута се искупи за промашувањата и ги постави конечните 2:0.

Претходно финале избори Кашима со победата над јужноамрикаснкиот шампион Атлетико Насионал 3:0, а финалето ќе се одигра во недела со почеток од 11 часот по македонско време.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…