Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во Прилеп вчера започнаа серијата протести против најавената промена на името на државата. Прилепчани побараа и ослободување на приведените за настаните во Собранието на 27 април минатата година, како и спречување на Законот за двојазичност на целата територија на Република Македонија.
Пред присутните се обратија претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров, професорката по историја Виолета Ачкоска и аналитичарот Сотир Костов.
Она што беше проследено со најмногу емоции беше интонирањето на државната химна, кое беше посветено на притворениот оперски пејач, Игор Дурловски.
Од камената бина на плоштадот “Александрија” беше најавен и голем македонски протест на 27 февруари во главниот град, каде се очекува да пристигнат илјадници револтирани Македонци од сите краишта на државата.
Фото: Маркукуле.мк