Видео: Преживеаниот фудбалер на Шапекоенсе се врати на терен!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Алан Рушел, кој успеа да ја преживее авионската несреќа на Шапекоенсе, синоќа повторно се врати на фудбалскиот терен.

Тој го изведе почетниот удар на ревијалниот натпревар во Бразил кој беше организиран од неговиот пријател, Андрес Д’Алесандро, а во него учествуваа голем број на фудбалски имиња како: Дунга, Дида, Марсело Салас, Вендел Лима, Рекоба, Верон, Ајала, Ортега, како и познатиот Формула 1 возач, Фелипе Маса и поранешниот тенисер, Давид Налбандијан.

„Бог ми даде втора шанса за живот. Среќен сум поради ова, сега морам да бидам силен на предизвиците кои се пред мене. Да бидеш повторно на терен е најубавото чувство на светот“, рече Рушел.