Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
ПСЖ создаде моќен тим ова лето, но очигледно не функционира се како што треба во францускиот клуб, иако резултатите се одлични.
Во неделата ПСЖ славеше против Лион со 2:0, со два автоголови на гостите, а интересно беше во финишот од натпреварот кога Нејмар и Едисон Кавани имаа расправа околу тоа кој ќе го шутира пеналот, пишува Спортски.мк.
На крајот одговорноста му припадна на Кавани, но не беше успешен бидејќи голманот на Лион го одбрани неговиот удар.
Nobody told Cavani that Neymar gets to take PSG penalties now 😂 after this, Neymar might get first dibs next time! pic.twitter.com/S1cB8obYr2
— GOAL News (@GoalNews) September 17, 2017
Слична ситуација имавме и на почетокот од сезоната и во тој „дуел“ победник на крајот беше Кавани, а истата можете да ја погледнете ТУКА