Видео потсетување: Седум години од полицискиот упад во А1 телевизија


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Пред седум години, поточно на 25 ноември 2010 година, се случи првиот удар врз А1, најгледаната телевизија во независна Македонија.

„А1 Телевизија е под полициска опсада. Полициски возила и џипови, доцна попладнево ја блокираа телевизијата. Сите новинари на А1 и снимателите, се оневозможени да работат и забранета им е слободата на движење. Припадниците на полицијата се се уште пред вратата на А1 Телевизија. Останете со нас вечерва …“ – известуваше таа вечер на 25 ноември 2010-та година, најгледаната телевизија.

Тогашниот премиер Никола Груевски ги повика „сите граѓани на РМ, информациите кои доаѓаат од А1 телевизија и од весниците Време, Шпиц и Коха е Ре да ги земаат со сериозна резерва“.

Тоа беше почетокот на голготата која резултираше со затворање на сопственикот на телевизијата, Велија Рамковски, неколку членови на неговото семејство вклучувајќи ја и неговата ќерка Емел Рамковска, како и уште неколкумуна управители на фирми, негови најблиски соработници, а седум месеци подоцна и на телевизијата, која како што тогаш се тврдеше, не била цел на нападите.