Видео: Постигна гол во 99-та, па навивачите го соблекоа до гола кожа!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Лацио и Сампдорија вчера на „Олимпико“ го одиграа еден од највозбудливите натпревари сезонава, со пресврти и два гола во судиското продолжение.

Најпрво Имобиле погоди од пенал за 2:1 во 96-та минута, но во 99-та минута следуваше нов шок за домашните откако Сапонара го израмни резултатот.

Сапонара голот го прослави на трибината кај своите навивачи, кои исто така беа избезумени од среќа, па му ги соблекоа и гаќите.

Оваа сцена денес го обиколи целиот свет!